Грција ќе ги исполни обврските кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до 9 април, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис, јави Радио Атина.
Сакеларидис изјави дека преговорите што Грција ги води со кредиторите го намалиле растојанието и дека на нив е постигнато приближување на позициите. Тој изрази надеж дека во следните денови ќе има дополнителен напредок и дека наскоро ќе биде постигнат позитивен резултат на средбата на Еврогрупата, на која ќе биде ратификуван и договорот за дополнителна финансиска помош.
Изјавата на владиниот портпарол доаѓа откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Вуцис се закани дека неговата земја ќе го одложи плаќањето што треба да го направи кон ММФ на почетокот на овој месец.
Станува збор за кредит во висина од 450 милиони евра, што Атина треба да ги врати до 9 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!