| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Синтија, првата сопруга на Џон Ленон

lenon

Синтија Ленон првата сопруга на славниот член на „Битлси“, Џон Ленон, почина вчера на 75-годишна возраст, соопштила денес на нејзиното семејство.

– Синтија Ленон почина денес во својот дом во Мајорка, во Шпанија, по кратка, но храбра борба со канцерот – се наведува во соопштението објавен на веб-страницата на нејзиниот  син кој го доби со Ленон, Џулијан, пренесуваат странските медиуми.

Синтија се омажила за Ленон во 1962 година. Двојката се разведе во 1968 година, кога Ленон стапи во врска со јапонската уметничка Јоко Оно.

– Десет години живеев со човекот кој цел живот беше исклучителна личност, а кој по смртта стана легенда. Бев со него кога „Битлси“ се оформија и тргнаа да го освојуваат светот, со нив ги делев сите подеми и падови и приватниот живот. Покрај Џон поминав 10 највозбудливи години од својот живот. Во тоа време тој беше во врвот на својата креативност. Беше духовит, страствен, искрен и отворен, го сакаше своето семејство и ги сакаше „Битлси“ – изјавила во една прилика  Синтија.

Ленон во една пригода изјавил дека сите љубовни песни кои ги напишал во раната фаза на „Битлси“ на некој начин биле посветени на Синтија, а веројатна најпозната песна од тој период е „Norwegian wood“.

Џон Ленон е убиен во Њујорк во 1980 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top