Двајца браќа од Кавадарци денеска во центарот на градот физички нападнале нивни сограѓанин.
Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека инцидентот е пријавен во полициската станица во Кавадарци.
– Во полициската станица Кавадарци беше пријавено дека околу 12 часот напладне на плоштадот во центарот на градот, двајца браќа од Кавадарци родени 1944 и 1950 година, физички нападнале кавадарчанец, роден 1946 година. Тие го собориле на земја и двајцата му се нафрлиле и го удирале во пределот на главата и телото, изјави Стојковска.
Браќата биле приведени во полициската станица во Кавадарци и пуштени околу 14 и 45 часот.
– По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, нагласи Стојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.