Американскиот претседател Барак Обама денеска потпиша указ со кој се предвидуваат санкции против Американци и странски лица и групи кои учествувале во кибер напади.
Со указот американската администрација има право да ги блокира банкарските сметки на кибер напаѓачите во САД.
– Кибер нападите се една од најсериозните закани за економијата и за националната безбедност на САД. Санкциите ќе им овозможат на САД да се борат против акциите насочени кон клучната инфраструктура, извршителите на индустриска шпионажа и напади врз компјутерски мрежи, истакна Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.