| четврток, 6 декември 2018 |

Олеснета постапката за пререгистрација на лица со ниски приходи

фонд

Лица со ниски приходи кои првпат се пријавуваат во Фондот за здравствено осигурување на Македонија за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени.

Тие лица во подрачните служби на Фондот треба да поднесат барање за остварување на право на здравствено осигурување (теркот на барање е достапен преку веб страницата на ФЗОМ, www.fzo.org.mk или на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ).

Oва денеска на прес-конференција го истакна в.д. директорката на ФЗОМ, Кристина Христова, која рече дека кон барањето се приложува пријава за задолжително здравствено осигурување, копија од извод од матична книга на родени, односно венчани, копија од лична карта со согласност на подносителот на пријавата и здравствена легитимација.

Олеснувањата во постапката за пререгистрација на тие лицата ги воведува Фондот во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, по добиените информации од терен и воочената пракса, со цел за подобра информираност на осигурените лица со ниски примања во врска со прибавувањето на документацијата која е потребна за прием на овие лица во системот на задолжителното здравствено осигурување кое го покрива Фондот.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски на прес-конференцијата истакна дека изминатите неколку години кога почна да важи Законот за регистрација на здравствено осигурување во ФЗОМ направиле повеќе процедури во корист на невработените лица односно лицата кои се неосигурани по друг основ за здравствено осигурување со тоа што се избегнати сите административни бариери кои постојат.

– Значи нема потреба од потврди, нема потреба од земање на документи од Агенцијата за вработување бидејќи во ФЗОМ имаме направено линк со кој тие може да видат дали некој е во работен однос или не е во работен однос. Од друга страна сите оние кои не бараат активно работа и кои немаат потреба да бидат на евиденцијата на невработени нема потреба да се регистрираат за да подигнат ваква потврда односно да добијат статус на осигурено лице во ФЗОМ – рече Поповски.

Единствено, појасни, треба да се лица кои имаат ниски приходи и да бидат без работен регистриран однос.

В.д. директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека според нивната евиденција до 30 септември 2013 носители на осигурување биле 228.548, а членови на носителот 235.185 или вкупно 463.733.

– Во 2015 година носители на осигурување се 237.233, а членови на носителот 241.506 или вкупно 478.739 – додаде Рамадани.

Од Фондот посочија дека остануваат доследни на реализација на проекти кои ќе овозможат побрзо и поквалитетно да ги остварат правата од областа на задолжителното здравствено осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top