На светско ниво е направено истражување во кое се издвоени најпопуларните имиња во светот, без разлика на културолошките разлики и обичаи. Во истражувањето биле вклучени земјите од Европа, потоа САД, Канада и Австралија.
На листата на петте најпопуларни женски имиња во светот се:
1. Миа – едноставно и кратко име. Врвот на популарноста го достигнало во 1964 година, благодарејќи на актерката Миа Фарау. Денес името Миа е на 6. место во САД, второ во Герменија и прво во Англија, Австралија, Хрватска, Мексико, Австрија, Норвешка и Словенија.
2. Софија – станува збор за старо име кое на грчки јазик значи мудрост. Без разлика на изведенките од името, Софи или Софија ова име е број еден во Шкотска и Северна Ирска, второ во Холандија, а на четврто место во Италија и Данска.
3. Оливија – Ова име го „создаде“ односно го популаризира Вилијам Шекспир за романтичната драмска претстава „Дванесетта ноќ“. Ова име е на второ место во Англија, Велс и Шкотска, а број еден е во Хаваи.
4. Ема – ова име го популаризирале холивудските актерки Ема Ватсон, Ема Стоун, Ема Роџерс, но станува збор за старо германско име кое значи целосен. На прво место е во Белгија, Финска, Франција, Германија и Норвепка, на второ место е во Канада, а на трето место во Ирска.
5. Изабела – или пак Изабел е име со најмногу изведенки (Изи, Бела, Ели, Ела, Иса). Неговата едноставност го прави популарно во цел свет, а најпопуларно е во Англија, Канада, Бразил, Нов Зеланд, Данска, Шпанија, Шведска, Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.