Во Турција повторно се случува нова драма, откако двајца вооружени мажи упаднаа денеска во Истанбул во седиштето на Партијата на развојот и правдата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Еден од мажите искршил стакло на највисокиот кат од зградата и го закачил турското знаме. Мажите им наредиле на луѓето во зградата да го напуштат објектот, пренесе МИА.
Тие набрзо се уапсени, а засега нема информации за евентуални жртви.
Ова е трет инцидент во изминатите два дена во Турција. Вчера изутрината речиси целата земја остана без електрична енергија, а потоа вооружени левичарски активисти упаднаа во зградата на истанбулската суднуца и за заложник го зедоа обвинителот Мехмет Селим Кираза.
По неколкучасовните преговори, киднаперите смртно го раниле обвинителот, кој починал во болница. Киднаперите ги убила полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.