Пред речиси петнаесет години никој не можеше да предвиди дека судбината на приказната за уличните тркачи од улиците на Лос Анџелес ќе се трансформира во најпопуларната и најдолгата франшиза на сите времиња.
Сега, „Брзи и бесни 7“ пристига како крунисано достигнување на долгата сага – како најдобриот, најголемиот и најисполнетиот Брзи и Бесни филм досега. За секој од Брзи и бесни фамилијата – тие кои се на платното, тие зад камерата и лојални фанови низ целиот свет: Ова продолжение за нив е навистина посебно. Во 2000 година, започна продукцијата со скромен буџет и млади актери. Инспириран од статијата во Vibe магазинот за уличните трки, автомобилските клубови, адреналинските возења, франшизата го почна својот пат кон славата. Вбројувајќи се помеѓу најуспешните летни хитови, во 2001 година филмот заработи 207 милиони долари на светскиот бокс офис. Низ годините, франшизата стана најдолгата и најпрофитабилната на студиото Универзал, заработувајќи над 2.4 милијарди долари.
Дали брзи или бесни, кога станува збор за автомобилите кои се користени во франшизата, формулата е многу едноставна. Сценаристот Крис Морган вели: „Автомобилите се како каубојските коњи или како самурајски меч. Тие се логично продолжение на нашите херои и ги претставуваат нивните карактери. Секогаш се трудиме да ја оддржиме таа филозофија но да ја извршиме на свеж и поразличен начин во секој од филмовите. Не води постојаната мисла: Брајан ќе го добие автомобилот кој е брз, а Дом секогаш оној што е бесен.“
Продукцијата на седмото продолжение не се одвиваше така гладко. Во ноември 2013 година, снимањето беше прекинато поради трагичната смрт на Пол Вокер. Продуцентот Мориц, кој заедно со Дизел, Брустер и Родригез беа со Вокер од почетоците на неговата кариера, вели: „По трагичната загуба на нашиот добар пријател и колега, Пол, многу долго размислувавме дали да запреме и да не го завршиме овој филм. Но по некое време, сфативме дека всушност Пол би сакал да го снимиме филмот. Вин и јас разговаравме и одлучивме дека ќе го завршиме овој филм, за него. Моравме да продолжиме токму поради тоа што се случи. Во филмот му оддаваме голема почит на Пол како маж, татко и брат и не сакавме да прикажеме на платното нешто што ќе го засени тоа“.
„Потоа размислувавме како да го продолжиме снимањето“, продолжува продуцентот. „Го снимавме поголемиот дел од филмот со Пол, но бевме во дилема како ќе функционира ова. Поради неискористените снимки од претходните филмови и помошта на технологијата, успеавме да го комплетираме филмот инспириран од духот на Пол и да му дадеме перфектно кинематографско збогување на најдобриот карактер од филмот. Овој филм е тестамент на неговото наследство. “
Дизел додава: „Пол ми беше како брат. Врските меѓу Брзи и бесни фамилијата беа длабоки и значајни, и нашите карактери ќе направеа сѐ за другиот. Подршката и чувството за фамилија постои во филмот и се прелева надвор од платното, заедно со нас. Со овој филм, на целиот свет му овозможуваме да се чувствува како дел од нашата фамилија. “
Со голема помош на браќата на Пол, Калеб Вокер и Коди Вокер, како заменски актери, неговата улога во филмот стана реалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.