Во Полициската станица-Гази Баба, синоќа во 20,50 часот било пријавено дека на 30/31.03.2015 година во периодот од 19,00 до 17,30 часот во село Брњарци ограбена е црквата „Св.Петар и Павле“.
Како што денеска соопшти МВР, непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од црквата „Св.Петар и Павле“, влегол внатре и од една од фиоките од плакарот одзел 2.500 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.