| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка кражба во Осоговски манастир

Во периодот од 1 до 11 јули во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во с. Варовиште-Крива Паланка, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во помошен објект-казаница, при што одзел четири бакарни предмети од казан, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 70.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top