| четврток, 6 декември 2018 |

Косовец ја претепал стјуардесата зашто не му донела сендвич

stjuardesa

Авионот на компанијата ”ИзиЏет” кој летал за Приштина од Женева, морал присилно да слета на римскиот аеродром затоа што еден од патниците ја претепал стјуардесата затоа што не му донела сендвич, пишува српскиот весник ”Блиц”.

Според сведочењето на очевидец, насилниот патник прво почнал да зборува дека умира од глад и дека со часови чека сендвич.

-Прво викаше на стјуардесата а потоа ја удри. Кога жената падна на подот, манијакот продолжи да ја тепа, вели сведокот.

Патниците и помогнале на стјуардесата а пилотот одлучил од “безбедносни причини” да го приземји авионот во Рим.

-Бев во шок. Не можат да верувам дека некој може така да реагира поради сендвич, вели стјуардесата.

Италијанската полиција патникот го уапсила веднаш после слетувањето а стјуардесата е згрижена уште кај медицинските служби на аеродромот.

Останатите 180 патници пристигнале во Приштина со други авиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top