Нов кралски трансфер скап 31,5 милиони евра запиша Реал Мадрид, а нов член на гигантот од Шпанија е десниот бек Данило Луиз да Силва. Бразилскиот ас од Порто се сели на „Сантјаго Бернабеу“ летово и ќе биде член на „кралевите“ до 2021 година.
За Данило Реал Мадрид веднаш плати 10 милиони евра за да се реализира договорот со Порто, а остатокот ќе биде доплатен во идниот период.
Данило е еден од најдобрите десни бекови на планетата, блеска веќе подолго време, а го краси неверојатна брзина и продорност, со што предизвика интерес кај многу европски клубови, но Реал Мадрид беше најбрз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)