| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата електронска книжарница во Македонија го прославува третиот роденден

КупиКнига.мк, најголемата електронска книжарница во Македонија, го слави својот трет роденден со голема роденденска акција која ќе трае 3 дена почнувајќи од 31-ри март се до 2-ри април. Во овој период повеќе од 33.000 книги од најразлични жанрови ќе бидат со намалени цени, овозможувајќи им на читателите достапност на книги за сечиј вкус.
-Како пионери во електронската продажба на книги, изминатите 3 години се соочивме со различни предизвици и ситуации. Поттикот и поддршката што ги добиваме секојдневно од нашите читатели се главната движечка сила и мотив да продолжиме со нашата цел, а тоа е да ја направиме книгата достапна за секого и насекаде. Нашиот труд е насочен кон тоа да ги донесеме новитетите од пишаниот свет, да бидеме постојано во тек со светските трендови и на нашите корисници да им пружиме врвна услуга и квалитет каков што заслужуваат, вели Сашо Јовановски, Извршен директор на iVote.
На КупиКнига.мк моментално може да се најдат повеќе од 44.000 книги на неколку јазици, распределени во 136 категории и поткатегории вклучувајќи белетристика, стручна литература, детска литература, монографии, стрипови, класици, популарна психологија, бизнис литература и книги од многу други специфицирани области. Во своето тригодишно постоење, КупиКнига.мк бележи константен раст на продажбата и интересот да се купува по електронски пат значително е зголемен. Корисниците нарачаните книги ги добиваат на домашна адреса насекаде во Македонија и светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top