Едно лице синоќа било згрижено во ургентното одделение во гостиварската болница со рани нанесени од остар предмет. Заради тежината на повредите пренесено е на скопските клиники.
Според првичните информации станува збор за гостиварецот Р.Ј. кој е вработен во Државниот универзитет Тетово. Настанот се случил пред домот на повредениот во населбата Питарница. Засега не се знае каква е здравствената состојба на ранетиот и кој е осомничен за нападот.
Од СВР Тетово, потврдуваат дека кај нив е пријавен случај на напад со тешки повреди, и оти во координација со јавен обвинител сé уште работат на расветлување на поединостите поврзани со овој случај. Повеќе информации најавија за подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.