Бројките од минатите избори во Кичево покажуваат разлика од 4500 гласови кои се тешко надминливи рече за А1 актуелниот градоначалник на Кичево и кандидат за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за уште градоначалнички мандат Благоја Деспотоски, според кого овие бројки му давале за право да очекува уште една победа во Кичево и покрај најавите на албанските партии дека со чартер летови директно ќе се носат граѓани Албанци од дијаспората за да гласаат.
„Бројките од минатите избори покажуваат разлика од 4300 до 4500 гласови што е тешко надоместливо. Бројките се однесуваат на Кичево во границите во кои сега се наоѓа. Бројките собрани се од сите партии и коалиции и тие покажуваат разлика од 4500 гласови што е тешко надоместливо. Најважно за Кичево е да има фер и демократски избори, а се друго натаму ќе го видите“рече Деспотоски за А1.
Според Деспотовски коалицијата на македонските партии во Кичево била резултат на барањето на Кичевчани но и на коалицијата која ДУИ со ДПА и РДК ја направија во Кичево веднаш по обелоденувањето на кандидатот на ДУИ , Фатмир Дехари.
-Ова беше реакција само на тоа. Гледате македонските партии колку тешко се договараат, додека тие веднаш се договорија. Интензивно се работи на терен и мислам дека сите ќе си ја сработат својата работа, рече Деспотоски.
Деспотовски очекува дека нема да има полнење на кутии како што било порано во Осломеј и Зајас кои сега се припојуваат кон Кичево.
-Што се однесува до Македонците, Турците, Ромите, изборите ќе бидат фер. Се надевам изборите ќе бидат фер насекаде и дека ќе има набљудувачи на ОБСЕ и ОДИХР. Сметам дека никој не би се дрзнал да прави нешто спротивно на тоа. Во минатото имавме случаи на полнење на кутии во средини во поранешните општини Осломеј и Зајас, рече Деспотоски.
Деспотовски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака фер избори во Кичево.
-Тие сакаат да има фер избори, но не знам како може да ме уверат додаде Деспотоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.