Најстарата личност на светот, јапонката Мисао Окава почина вчера, само неколку недели откако наполни 117 години, јавуваат светските медиуми.
Како што соопштил портпаролот на старачкиот дом во Осака, Томохиро Окада, Јапонката Мисао имала проблеми со срцето, а во моментот кога починала покрај неа бил нејзиниот внук и персоналот на домот.
– Си змаина така мирно, како само да потона во сон. Многу ќе ни недостига – изјавил Окада.
Окава која е родена на 5 март 1898 година, Гинисовата книга на рекорди во 2013 година е прогласена за најстара личност на светот.
Окава, ќерка на кројач на кимоно, на прославата на својот последен роденден изјавила дека и се чини дека нејзиниот живот бил прилично краток. Таа се омажила во 1919 година за својот сопруг Јукио со кој имала две ќерки и син. Зад неа останале 4 внуци и шест правнуци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.