| четврток, 6 декември 2018 |

Под вилата на Хју Хефнер ископани тунели кои водат до куќите на славните актери

CBXt_aLW8AIBx9i
Новата репортажа на магазинот „Плејбој“ тврди дека старите нацрти на раскошната вилата на Хју Хефнер откриваат дека била поврзана со тајни премини кои воделе до домовите на славните актери кои му биле соседи.

Новинарите тврдат дека нашле фотографија со нацрти од 1977 година на која биле прикажани тунели во подрумот кој според зборовите на главниот менаџер „некаде во 70-тите“ биле пробиени тунели до куќите на Џек Николсон, Кирк Даглас, Џејмс Кан и Ворен Бити.
Parrots In Paradise Benefit

Славните холивудски заводници живееле во близина на вилата на Хефнер при крајот на 70-тите години и почетокот на 80-тите години.

По ова откритие новинарите го замолиле персоналот на вилата да им дозволи да ги видат тунелите, но тие неслужбено им кажале дека тунелите се затворени во 1989 година кога Хефнер се оженил со зајачицата Кимберли Конрад.

Надлежните на новинарите им кажале дека не можат да даваат повеќе информации бидејќи ни самиот Хефнер не сакал повеќе да коментира, а за тоа одбиле да разговараат и споменатите актери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top