| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот по една лента на патот Удово-Валандово

patistaСпоред информациите од ЈП Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози.

Според информациите од ДЦС МВР, поради надоаѓање на поголема количина на вода од Калковска Река, на патниот правец Удово – Валандово сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с. Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија – локалитет “Смрдлива вода” во м.в. “Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.

На магистралниот пат А-3 Кочани – Делчево, поточно на потегот с. Истибања и М. Каменица, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с. Просениково – с. Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с. Дурачка река – с. Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово – Кратово кај излезот на с. Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7 км над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 м на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top