Една од најпознатите светски атракции, Ајфеловата кула во Париз, која годишно го посетуваат околу седум милиони луѓе, денеска прославува 126 години од нејзиното постоење.
Изградбата на Ајфеловата кула, највисоката градба во светот се до појавата на заградата Крајслер во Њујорк во 1930 година, официјално е завршена на 31 март 1889 година.
Кулата во Париз е висока 324 метри и тешка повеќе од десет илјади тони. До врвот има 1.665 скали, но посетителите најчесто го користат лифтот, кој годишно минува по околу 103.000 километри.
Кулата е конструирана од Густав Ајфел, а изградбата траела две години, два месеци и пет дена.
Кулата се бојадисува на секои седум години, кога се трошат 60 тони боја, а градбата ја осветлуваат дури 20.000 светилки.
Интересно е дека во 1944 година, нацистичкиот лидер Адолф Хитлер наредил кулата да биде урната, но генералот Дитрих фон Холтиц се оглушил на ваквата наредба и така ја спаси Ајфеловата кула.
На една страна на кулата се изгравирани имиња на сите инженери, архитекти, научници и други експерти кои учествуваа во нејзината изградба, кои вкупно ги има 72 на број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


