Вчера околу 10.20 часот на пругата Скопје – Гевгелија кај Демир Капија, вработен во МЖ, кој управувал работна машина на 200 метри пред ЖС-Миравци, во каналот покрај патот забележал непознат леш.
Увид на самото место извршила увидна екипа од ПС-Неготино, при што е констатирано дека се работи за Граце Е.(29) од Нигерија, која имала повреди во пределот на главата – скршеница од удар, најверојатно, од воз.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта во Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Помор на риби во каналот Студенчишта: Тони плашици угинаа, ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско езеро (видео)
-
Тргнале по пократкиот пат и се удавиле, ќерката им остана сираче – трагедијата во Борча ги потресе сите!
-
Каналот на смртта повторно го зеде данокот: Двајца загинаа каде што беше убиена Јелена
-
Kомплетно исчистен Усјанскиот канал (Фото)


