Копирајќи ја политиката на Советскиот Сојуз за време на студената војна, групата Исламски држави Ирак и Левант ИСИЛ ја искористува слабоста на стратегијата на блокирање на коалициите против ИСИЛ, така што ја покажува својата моќ која се простира надвор од териториите кои ги контролираат во Сирија и Ирак.
Неодамнешните напади на ИСИЛ (или тврдењето дека извршиле напади) во Либија, Тунис, а можеби и во Јемен, покажуваат на потенцијалните регрути и на земјите кои се наоѓаат во коалиција против ИСИЛ дека групата може да изврши напад било каде на пошироко подрачје во регионот и дека никакви ѕидови околу неа не можат да ја спречат.
За жал, поради големиот број на регрути кои ги привлекува успехот да основа подружници во хаотични земји како Либија, ИСИЛ и понатаму може да праќа напаѓачи на многу места надвор од Сирија и Ирак. Брзото ширење на ИСИЛ во летото 2014 година, од источна Сирија на западен, централен и северен Ирак, е спречено со комбинација на американски воздушни напади, мобилизација на шиитските паравоени формации (на кои им помага Иран) и курдски борци Пешмерги. Така Багдад, шиитскиот југ и курдскиот север се спасени, но ИСИЛ и понатаму контролира мнозински сунитски подрачја во Ирак.
Ништо поблиску до победа
САД се одлучија да основаат коалиција во борба против ИСИЛ која вклучува земји во соседството, како и неколку нивни европски сојузници. Идејата беше ИСИЛ да се спречи и да се ослаби со воздушни напади, во надеж дека обучената ирачка војска и умерените сириски бунтовници конечно ќе ја преземат борбата против ИСИЛ на терен.
Иако оваа стратегија во некоја мера беше успешна, ја спречи ИСИЛ да заземе повеќе територии во Ирак, коалицијата сеуште не е ни блиску до победа. Како прво, неодамнешната офанзива на Владата во Багдад да го заземе Тикрит, кој се наоѓа во срцето на сунитската територија, е спречена, а политичките последици од офанзивата, која главно ја предводеа припадници на шиитските паравоени формации под команда на иранскиот командант на силите на Ал Кудса, потенцијално можат да ги разбудат секташките поделби.
Понатаму, процесот на создавање на сириски умерените бунтовнички сили, кои треба да се борат против ИСИЛ, започна неодамна и потенцијалниот број на припадниците на овие сили кој е околу 5.000 борци, не е доволен да се спротивстави на ИСИЛ. Она што дополнително ги комплицира работие е фактот дека овие бунтовници не сакаат да ја ограничат борбата само на ИСИЛ, туку исто така сакаат да се спротивстават на силите на Асад.
И трето, воздушните напади на коалицијата, иако резултираа со смрт на стотици борци на ИСИЛ, ја поништува способноста на ИСИЛ да регрутира нови борци од подрачјата кои сега ги контролира, како и поддржувачки во и надвор од регионот. Од воен аспект, состојбата е изедначена.
Како и Советскиот Сојуз, кој за време на студената војна, беше опколен од прозападните држави т.н. блискуисточни членки, кои беа под заштита на САД, но кој најде начин да ја заобиколи таа пречка, ИСИЛ успешно ги заобиколува околните членки на коалицијата и ја шири својата моќ.
ИСИЛ тоа успеа да го направи бидејќи:
а) хаосот кој владее во неколку арапски земји создаде нестабилно подрачје во кое екстремистите можат да се развиваат и пресметуваат;
б) тој може да ги испрати странските арапски борци назад во нивните матични земји за да извршуваат терористички напади; и под
ц) како нај екстремна џихадистичка група (победувајќи ја дури и Ал Каеда) радикалите од регионот ќе сакаат да се асоцираат со нив, дури иако не отишле во Сирија и Ирак.
Според тоа, не изненадува фактот дека се поголем број екстремни џихадистички групи во регионот ветуваат поддршка на ИСИЛ.
Освен тоа, со воспоставување на подружници надвор од Сирија и Ирак ИСИЛ може да спроведе обука на терористи пристапна на соседните екстремисти, што можеше да се види и во неодамнешниот напад на двајца Тунижани, кои убија еден странски турист во музејот во Тунис. Тие наводно ја поминале обуката во подружница на ИСИЛ во Дерни во Либија.
Овој напад оствари неколку цели. Тој целеше на единствената успешна приказна на т.н. Арапска пролет, на Тунис, кој секуларистите и умерените муслимани во регионот, но и западните земји, често го земаа како пример, покажувајќи дека и Тунис е ранлив.
ИСИЛ сакаше да испрати порака на туниските екстремисти кои се околу 3.000, а кои отишле во Сирија и Ирак да се борат, дека тој се грижи за нивната земја и дека сака и таму да се прошири т.н. калифат. Исто така, целта на нападот беше да се вознемири коалицијата против ИСИЛ покажувајќи и дека ниедна земја која зборува дека е против ИСИЛ не е безбедна, надевајќи се дека на тој начин ќе ја ослаби одлучноста на коалицијата.
Проширување на влијанието
Кога Советскиот Сојуз ги заобиколи блискуисточните членки за да го прошири своето влијание во регионот, САД и неговите сојузници прво мораа да ја прилагодат својата стратегија. Тоа бараше значајни инвестиции во земјите од регионот за да се отстрани заканата од марксизмот, кој во тоа време имаше голем број следбеници меѓу арапската интелектуална елита.
До сега, во борбата против ИСИЛ и групите кои се истомисленици, Западот не направи сличен напор. Значајно беше тоа што двете момчиња кои го изведоа неодамнешниот терористички напад во Тунис (а кои се убиени во нападот) доаѓаат од сиромашни региони во Тунис, еден од работничкиот кварт на Тунис, а другиот од градот Сбеитла, кој се наоѓа на западниот дел во Тунис.
Се додека земјите како Тунис, со голема странска помош, не бидат во состојба да ги решат сериозните социоекономски проблеми, како што е невработеноста, многу млади луѓе ќе бидат на удар на групи како што е ИСИЛ, која преку своите искривени методи, даваат смисла на животите на младите луѓе и им покажуваат пат кон наводна утопија.
Ал Џезира – Доха
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп има право да бара соработка со Русија против ИСИЛ во Сирија
-
Лекари планирале терористички напад со антракс во Кенија
-
Голема акција: Ердоган ги предаде терористите – македонски државјани војувале во редовите на ИСИЛ
-
Светот во шок: Децата ѕверови на ИСИЛ безмилосно ги ликвидираат своите жртви (Фото)