Вториот дел од филмот „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“ од 23 април ќе се емитува на репертоарот на кината во Македонија. Еден од најдобрите филмски наратори, Џон Маден, во чиишто остварувања се вбројуваат добитникот на „Оскар“ за најдобар филм „Вљубениот Шекспир“ и трилерот „Долг“, на големото платно ја пренесува приказната за храбрите британски пензионери кои живеат во „луксузниот дом за зрели години“ во Индија.
„Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“ се наоѓа среде Раџастан, една од најромантичните индиски држави. Сони (Дев Пател) фрлил око на еден имот бидејќи во неговиот прв потфат „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“ за постари и убави останала само една слободна соба, што претставува проблем за новите гости, Гај (Ричард Гир) и Лавинија (Темзин Грег). Додека мечтае за новиот хотел, Сони планира брак со Сунаина (Тина Десаи), која е љубовта на неговиот живот. А како останатите гости на хотелот ги минуваат деновите?
Во филмот играат Џуди Денч, Меги Смит, Бил Наји, Том Вилкинсон, младата ѕвезда Дев Пател, а како засилување, режисерот Џон Маден го доведува и Ричард Гир. Првиот дел од филмот „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд“ во 2012 година заработи 135 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура