| четврток, 6 декември 2018 |

Моделка или шпионка: Девојката на Немцов исчезна без трага

592781_20120828apdaria-buznikovakievdi007356726_ffУкраинските претседател Петро Порошенко е еден од четворицата што знаат што се случило со 24-годишната Ана Дурицкаја, сведокот на убиството на рускиот опозиционер Бориц Немцов.

По повеќе од еден месец, кога Немцов беше убиен со четири куршуми за време на прошетката со неговата девојка Дурицкаја, која беше 32 години помлада од него, во непосредна близина на Кремљ, нема ни трага ни глас од сведокот на убиството. Иако полицијата веднаш ја задржала како единствен сведок на злосторството, ѝ било дозволено да отпатува за Украина откако на истражителите им рекла дека „не видела ништо“. Новинар на италијанскиот „Кориера дела сера“ отишол во градот Била Церква, родното место на Дурицкаја, на околу 80 километри од Киев за да открие дали, можеби, девојката е шпионка. Ја побарал во станот на седмиот кат од зградата на улицата Декабриста. Очекувал да наиде на обезбедување бидејќи слушнал дека девојката е под заштита, но наишол на празни скали со мирис на зелка. Вратата од евентуалниот стан на Дурицкаја му ја отворила друга девојка.

– Адресата е лажна. Читав за тоа во весниците, но јас сум овде пет години и тука таа никогаш не живеела. До пред некој месец тука доаѓаше да преспие некој војник. Не знам кој беше. Тој сигурно не беше манекенка – вели девојката со насмевка.

Според украинскиот „Киев пост“ претседателот Порошенко е единствениот покрај премиерот, министерот за полиција и шефот на тајната служба што знае каде е Дурицкаја. Но, не исчезнала само таа без траг. Нејзината мајка, медицинска сестра во локална болница, пријавила дека поради болест не може да дојде на работа и оттогаш никој је на видел. Нејзиниот брат Богдан бил отпишан од гимназијата откако директорот на училиштето имал телефонски повик од министерството за образование од Киев.

– Му го предадов училишниот материјал и му посакав среќа. Среќа ќе ѝ треба, пред сè, на сестра му. Невозможно е тој што му се противи на Путин да биде убиен без дозвола од властите – рекол директорот Володимир Ткаченко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top