| четврток, 6 декември 2018 |

Незири на Годишен инвестициски состанок во Дубаи

незири

Министерот за економија Беким Незири, на покана од неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати, Султан бин Саед Ал Мансури, учествува на 5. Годишен инвестициски состанок на тема  „Одржлив развој преку СДИ – Индуциран трансфер на иновации и технологија“, што од денеска до 1 април се одржува во Дубаи.

Овој инвестициски состанок, што се одржува под патронат на шеикот Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, заменик претседател на ОАЕ, премиер и владетел на Дубаи, претставува водечки глобален Форум за инвестиции и стратешко вмрежување.

Неговата мисија е да обезбеди најдобра платформа за земјите да учат, да се состануваат, вмрежуваат, разменуваат искуства и да ги промовираат своите инвестициски можности на корпорацискиот свет, преку олеснување на инвестициските односи и градење мрежи со брзо растечките пазари.

Инвестицискиот состанок е можност на едно место да се соберат водечките светски академици, експерти, политичари и практичари за да дебатираат за важноста на иновативната активност, во насока на растот и развојот, за влијанието на странските вложувања врз одржливиот економски раст, преку трансфер на технологии и поддршка на политиката на вложување, кои се неопходни за привлекување и задржување на инвестициите, како и за интернационализацијата на истражувачките и развојните дејности на транснационалните корпорации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top