| четврток, 6 декември 2018 |

Искористете го медот за нега на лице и на тело

Медот е еден од најдобрите производи за хидратација, а добар е и во борба против други недостатоци на кожата.

мед

1) СРЕДСТВО ЗА ХИДРАТАЦИЈА

Измешајте еднакво количество мед и маслиново масло за да направите густ лосион. Втријте го на сува кожа и, откако ќе отстои 10 до 20 минути, измијте го и кожата ќе ви биде мека.

2) БАЛСАМ ЗА УСНИ

Измешајте лажичка мед со шест грама природен восок, 10 капки лимон, 2 капки масло со витамин Е и 50 грама кокосово масло. Кога смесата ќе се соедини, издвојте ја во посебен сад со капак и затворете ја.

3) ВОСОК ЗА ДЕПИЛАЦИЈА

Измешајте две лажички кафен шеќер, лажичка мед и една лажичка вода во сад што може да се стави во микробранова печка, па загрејте ја смесата сè додека добие кафена боја (отприлика 30 секунди). Оставете ја смесата да се излади и разредете ја со вода ако биде премногу густа. Нанесете ја на кожата со мала лажичка, а потоа ставете лента од ткаенина, притискајте во правецот на растот на влакната, а потоа брзо повлечете ја лентата во спротивен правец.

4) ПРОИЗВОД ЗА КОСА

Додајте лажичка мед во својот шампон за да ги излекувате оштетените прамени. Или измешајте го со маслиново масло и нанесете го на косата, а по 15 минути измијте ја косата со шампон.

5) КУПКА

Измешајте две лажички мед и 250 мл топла вода и почекајте 10 минути за смесата да се раствори. Додајте 2-3 капки масло од лаванда и сето тоа ставете го во топла вода.

3316_ftoth_bildi_anettbloom_M7W3425_300x0

6) СРЕДСТВО ЗА АКНИ

Земете многу малку мед и нанесете го на акните, а потоа ставете фластер и почекајте 30 минути. Медот е добар и за изгореници и гребаници.

7) МАСАЖА НА ЛИЦЕТО

Измешајте две лажици млеко со две лажици мед. Нанесете го растворот на лицето и оставете го да отстои 10 минути пред да го измиете.

8) ЛЕК ЗА БРАДАВИЦИ

Нанесете мед на проблематичниот дел двапати дневно и веќе следниот ден ќе ги видите резултатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top