Италијанската компанија за дигитално печатење „Диатек“ и официјално ќе почне со работа на почетокот на јули, најави денеска претставникот на компанијата Диего Монса за време на потпишувањето на Договорот за реализација на инвестицијата. Се работи за инвестција од 10 милиони евра, која со завршување на проектот ќе вработи 200 луѓе. Во првата фаза ќе има 30 вработувања.
Главната причина првите луѓе на компанијата да решат да инвестираат во Македонија биле одличните услови за работа кои ги нуди земјава.
– Македонија нуди добри услови за работа. Токму тоа беше пресудно да решиме да инвестираме во земја од каде ќе ги пласираме нашите производи низ светот – изјави претставникот на „Диатек“, Диего Мосна.
Производството ќе биде наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.
Компанијата, освен во Италија, има производствени капацитети во Швајцарија, Франција, Германија и во САД, со годишен обрт од околу 200 милиони евра и вработува 800 луѓе во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500
-
Атанасов: Алаѓозовски продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството
-
Стојаноски: Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?







