На Форумот за работодавци на тема „Со подобра политика на поддршка до повеќе вработувања во бизнис-секторот“ свое обраќање имаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, претседателот на ССК Данела Арсовска и директорот на Агенцијата за вработување на Р.Македонија Влатко Поповски.
Министерот Спасов истакна дека заедно со АВРМ досега организирале 15 вакви форуми за работодавци, а најави дека такви форуми ќе се одржат и во повеќе општини низ Македонија со цел да ги презентираат поволностите од мерките за вработувања.
-Во самиот оперативен план за активни мерки и политика за вработување за 2015 година предвиден е износ од 660 милиони денари од кои најголемиот дел од овие средства ќе одат како субвенција кај приватните компании со цел да се мотивираат, стимулираат и субвенционираат за да отворат нови работни места – истакна Спасов.
Тој посочи дека во функција останува мерката за млади, односно секоја приватна компанија што ќе вработи младо лице до 29 години, 12 месеци да биде ослободено од плаќање на придонеси, мерка која што е во функција една година и дава значителни резултати.
Додаде дека со оваа мерка во изминатиов период се постигнати над 7.500 вработувања.
Спасов најави и нови мерки за компаниите како ослободување за плаќање на продонеси за повеќе години кои ќе стапат во сила наскоро.
-Како на пример за лицата до 35 години ослободување од плаќање придонеси за три години со обврска за приватните компании да ги задржат на работа уште една година. За повозрасните граѓани и за ранливите категории кои ќе бидат вработени ќе следува ослободување за компаниите кои ќе ги вработат дури 5 па и повеќе години – рече Спасов.
Министерот посочи дека со овие нови пакет мерки се очекува стимулација на компаниите да отворат нови работни места и се очекува околу 20.000 нови вработувања.
Претседателката на ССК Арсовска истакна дека мерките за вработување на млади лица и најавените нови сет мерки кои ќе стапат на сила, субвенционирањето на директни вработувања во компнаниите и обуките за невработените се добредојдени за компаниите кои имаат план за проширување на својата дејност и имаат потреба од нови вработувања.
-Верувам дека мерките ќе ги мотивираат работодвачите да го зголемат капацитетот на човечки ресурси во нивните компании, да се квалификуваат и да придонесат во развојот на комапниите – истакна Арсовска.
Додаде дека целиот сет на мерки со кои ќе се реализираат нови вработувања, се позитивни бидејќи имаат за цел креирање на нови работни места и намалување на невработеноста од една страна, а од сруга страна ќе значат олеснување на давачките за компаниите.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски потенцира дека преку доследна примена на мерките се обидуваат да му помогнат на стопанството и на невработените да дојдат до работно место.
– Се надеваме дека стопанството ќе има голема помош со овие мерки и тоа не само да вработат луѓе, туку да вработат луѓе кои вистински им требаат што ќе придонесат за зголемување на продуктивноста и профитот – рече Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500
-
Атанасов: Алаѓозовски продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството
-
Стојаноски: Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?



