| четврток, 6 декември 2018 |

Културниот центар „Кула“ го слави првиот роденден

kula

Првиот роденден на културниот центар „Кула“ ќе се одбележи в среда во „Кула“ со почеток во 20 часот. Посетителите ќе имаат  можност да видат ретроспективна изложба од плакати, фотографии и видеа од целата едногодишна програма на „Кула“. Авторите на изложбата, главно, ќе бидат самите активисти што ја градат организациската целина во „Кула“.

– Катадневно се трудевме на најдобар начин да ја анимираме независната уметничка сцена на нашиот град. Претендиравме притоа да создадеме заедничка околина за креативно творење, каде што младите и етаблирани творци ќе се обединат, инкорпорирајќи го имагинативниот дух на градот. Мошне сме среќни што бележиме една година од постоењето на „Кула“ и што можеме да ви најавиме динамична и автентична програма што ни следува. Би сакале првенствено да се заблагодариме на нашите пријатели и следбеници, кои нè поддржуваа во текот на целата година. Истовремено ги покануваме сите љубители на културно-уметничкиот производ да ни се придружат со присуство или учество во нашиот програм. Единствено заедно, можемо одново да го забрзаме ритамот на овој бетонски-студен град и да му ја вратиме душата на старото Скопје. Понесете си соодветна маска, позитивна енергија и повелете во „Кула“ на први април во 20 часот да го прославиме нејзиното постоење – велат од „Кула“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top