| четврток, 6 декември 2018 |

Китмер: Решавањето на името не треба да се одложува

Слушаме со голем интерес дека новата грчка Влада е заинтересирана за промовирање на мерки за градење доверба со Македонија и Турција, изјави британскиот амбасадор во Атина Џон Китмер во интервју за „Катимерини“.

Тој додаде дека е „многу позитивно“ тоа што министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Коѕиас и Попоски разговарале за усвојување на мерките за градење доверба, „се додека тоа не предизвика одложување на расправата за суштината, а тоа е името“.

– Грчката Влада вели дека Грција е стабилна земја во нестабилен регион. Сепак, се уште има билатерални проблеми со соседот, истакна Китмер.

Според британскиот амбасадор, прашањето е што сака Грција да направи со отворените билатерални прашања, чие решавање ќе и помогне на Атина да „прерасне во оаза на стабилноста“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top