| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага во Турција поради критики кон „Анадолија“

anadolu-agency-logo-new-jpgШеесетина лица во Турција се под отворена истрага поради критиките на „Твитер“ што ги упатиле кон турската државна агенција „Анадолија“, информира приватната телевизија „Си-Ен-Ен Турк“. Меѓу нив се наоѓаат пијанистот Фазел Сај и новинарот Џан Ѓундар. Тие се осомничени за навредување, клеветење и заплашување, како и за поттикнување омраза и непријателство меѓу луѓето.

Според информација на весникот „Џумхуриет“. на списокот на осомничени фигурираат и опозициски политичари. Според „Си-Ен-Ен турк“, меѓутоа, посочените лица не објавувале коментари што претставуваат шегување или навредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top