| четврток, 6 декември 2018 |

Авион на „Туркиш ерлајнс“ го прекина летот под сомнение за поставена бомба

туркиш

Авион на турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска го прекина летот поради сомнение дека во леталото имам бомба.

Авионот „боинг 770“, со 321 патници утрово полета од меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул за Токио. За време на летото над Црно Море една од стјуардесите забележала натпис на вратата од тоалетот „Ц4 Карго“, што би можело да значи дека во товарниот дел на авионот е поставен пластичен експлозив Ц4. Капетанот побарал дозвола да се врати во Истанбул и авионот да биде проверен од безбедносните служби.

По проверката на багажот и товарот, не е пронајдена бомба.

Авионот вечерва повторно ќе полета за Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top