Унијата на синдикални организации на Белгија за денеска во главниoт град Брисел закажа масовни демонстрации против построгите правила на работен однос, што е најавено дека ќе се воведат од страна на новата белгиска влада предводена од премиерот Шарл Мишел.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, поради демонстрациите, на кои се приклучуваат и вработените во јавниот транспортен сектор, јавниот транспорт во Брисел ќе биде прекинат.
Дел од протестите веќе почнаа утринава, но околу пладне се очекува главниот протест, поради што се очекува целосен застој на сообраќајот во центарот на Брисел меѓу 11 и 13 часот. Покрај метрото, автобусите и трамваите во Брисел денеска нема да циркулира и железничкиот сообраќај бидејќи и вработените во железницата поднесоа штрајк најава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



