| четврток, 6 декември 2018 |

Вејд со 40 поени го остави Мајами во игра за плејофот

Двејн Вејд игра најдобро кога е најпотребно за Мајами хит и со блескава партија зачинета со 40 поени му помогна на некогашниот шампион во НБА- лигата да остане во трката за плејоф-позиција. Мајами го победи директниот конкурент за осмото место во источната конференција Детроит со 109-102. Вејд имаше и 6 скока, а огромна поддршка доби од Јудонис Хаслем кој постигна 18 поени и забележи 13 скока.

На Пистонс не им помогна одличното издание на Драмонд и Џексон кои комбинираа 63 поени, па Детроит го губи здивот за настап во доигрувањето за титулата.

Осмата позиција сѐ уште ја има Бруклин нетс, екипа што забележи вреден триумф против Лос Анџелес лејкерс со 107-99. Блескаше центарот Брук Лопез со 30 поени.

Над вообичаената норма од 30 поени, повторно стаса и Расел Вестбрук во дресот на Оклахома, тим што успеа да забележи триуумф од 109-97 против Феникс. Вестбрук прокнижи 33 поени, со 9 скока и 7 асистенции и ја задржа последната позиција што води во плејофот од западната конференција.

Резултати: Вашингтон – Хјустон 91-99, Бруклин – ЛА лејкерс 107-99, Њу Орлеанс – Минесота 110-88, Кливленд – Филаделфија 87-86, Бостон – ЛА клиперс 106-119, Мајами – Детроит 109-102, Индијана – Далас 104-99, Сан Антонио – Мемфис 103-89, Феникс – Оклахома 97-109.

Vejd-640x370

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top