| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија воведува правило за две лица во пилотската кабина

piloti2

Австралија одговори на инцидентот со авионот на германската авиокомпанија „Џерманвингс“ воведувајќи го правилото за задолжително присуство на две лица во пилотската кабина.

Вицепремиерот Ворен Трас новите правила за безбедност се очекува да ги објасни денеска на прес-конференција, објави неговиот кабинет, додека новите правила стапуваат во сила веднаш.

Досега Австралија дозволуваше пилотот да биде сам во кабината за време на летот.

Француски обвинители го сметаат 27-годишниот копилот Андрес Лубиц за главен виновник за несреќата на авионот на „Џерманвингс“ на 24 март, во која загинаа 150 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top