Премиерот Никола Груевски смета дека опозицијата откако увидела дека конструкциите и манипулациите не поминуваат кај граѓаните, ќе се обидат, како што рече, да исценираат и да искреираат случај кој ќе разгори меѓуетнички тензии.
– Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да не закрват, ниту по политички ниту по етнички линии, рече Груевски.
Да се разговара, рече со нашите соседи, пријатели, со сите наши сограѓани, да не дозволиме да успеат во сценариото што тие го исконструирале.
– Институциите ќе направат максимум такво нешто да не се случи, и стабилноста да опстои. И ќе опстои, рече премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер