| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантен транскрипт од разговорот на Лубиц со капетанот: Оди до тоалет, јас ќе управувам!

germanwings_let_ne_798315S1Германскиот неделник Билд објави транскрипт од разговорот во кокпитот на авионот на Џерманвингс кој се урна на француските Алпи, вклучувајќи ги последните моменти во кои капетанот очајнички Патрик Сондхеимер очајнички се обидувал да ја скрши вратата и да се врати во пилотската кабина.

– Отвори ја проклетата врата, викал капетанот.

Летот почнал со извинување на капетанот до катниците поради 26 минутното доцнење и ветување дека на целта ќе слетаат во предвиденото време.

Во текот на следните 20 минути капетанот разговарал со копилотот Лубиц кој во еден момент му вели слободно да оти до ве-це кога ќе посака за тој да ја преземе контролата. Во разговорот некој споменува дека Сондхаимер во Барселона не стигнал да отиде до тоалет. Ербасот на висина од 38.000 стапки стигнал во 10.27 часот, а пилотот уште тогаш му рекол на Лубиц да почне да се подготвува за слетување во Дизелдорф.

Одговорите на Лубиц на повеќето прашања на капетанот биле лаконски, често користејќи зборови како „веројатно“ и „ќе видиме“. По извршените проверки потребни за слетување, Лубиц повторно му рекол на капетанот „Можеш сега да одиш“.

Две минути подоцна, на снимката се слуша Сондхаимер како му вели на копилотот дека може да ја презеде контролата над леталото.

Потоа се слуша како седиштето се лизга наназад и звук од затворање на врата. Веќе во 10.29 часот на радарот се забележува како Ербасот почнува да понира. Во 10.30 се спуштил за 316 стапки, речиси 100 метри) а во 10.31 се спуштил уште дополнителни 550 метри. Во 10.32 часот контролорите на лет се обидуваат да воспостават контакт со кокпитот но никој не им одговара на повиците.

На снимката во тој момент можете да слушнете аларм кој автоматски се огласува кога леталото почнува да понира. Кратко потоа се слуша силен удар кој укажува дека некој сака да влезе во кокпитот.

Сондхаимер од надвор вика: Боже мили, отворија ја вратата!

Во позадина истовремено се слушаат крици од патници. Во 10.35 часот повторно се слушаат силни удари, но овој пат изгледа дека некој удира во вратата со метален предмет. Се верува дека станува збор за секира. Авионот во тој момент бил на висина од 7.000 стапки (нешто повеќе од 2.100 метри)

Минута и пол подоцна се пали уште еден аларм овој пат глас говори: Тло! Крени нагоре! Крени нагоре!

Истовремено пилотот вреска: Отвори ја проклетата врата!

Во 10.38 часот авионот лета во насока на североисток, на снимката Лубиц се слуша како дише, но цело време молчи. Во 10.40 часот леталото удира во планина со десното крило. Последно што се слуша на снимката се крици на патници…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top