Сомнителни звуци кои биле прилично бучни и доаѓале од палубата на авионот ги преплашило патниците од авионот на ЛОТ. Паниката настанала непосредно по полетувањето, па исплашените патници поарале од пилотот веднаш да го врати авионот на земја иако добиле објаснување дека не е во прашање ништо опасно.
Како што јавуваат полските медиуми, патниците инсистирале да се вратат иако им било кажано дека на тоа место не дихтува вратата, но и дека нема опасност од декомпресија во авионот.
– Безбедноста е нашиот приоритет и затоа пилтот бидејќи било побарано да провери бучност која го нарушува комфорот на патниците во склад со процедурите решил да се врати во Варшава. Нагласуваме дека сите системи на авионот функционираат исправно, соопштиле од ЛОТ.
Авионот се вратил на аеродромот од каде што полетал и се приземјил нормално без никакви проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.