Настанот се одржа во спортската сала во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“.- На територијата на општина Центар многу се игра кошарка. Нашиоит најреномиран кошаркарски клуб Работнички се наоѓа на нашата територија. Општина Центар во идните планови ќе направи реконструкција на оваа сала во градскиот парк, ќе ја обнови и ќе создадеме уште повеќе услови за да се игра кошарка – нагласи Тодоровиќ.

Тодововиќ рече дека еден од најмасовните клубови на територијата на општина Центар е Водно санс и дека Водно санс има тесна соработка со кошаркарскиот клуб Работнички и работи во интерес на клубот формирајќи многу млади таленти.

Организаторите на настанот, Водно санс, му изразија благодарност на градоначалникот на општина Центар за тоа што, како што рекоа, е број еден во поддржувањето на спортот и затоа што ја поддржал кампањата „Замени ги цигарите со партија баскет“. Во знак на благодарност, Тодоровиќ доби дрес со боите на Водно санс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


