| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќта која за секогаш го промени Путин

putin mladТаа драматична ноќ во Источна Германија, Путин како млад агент на КГБ се разочарал од раководството во Москва кое не застанало во одбрана на своите тајни агенти. Кремљ кој денес го води тој, никогаш нема да ја повтори таа грешка. Во репортажата за животот на рускиот претседател на британски Би Би Си се наведува дека за да се разбере Путин, неопходно е да се знае што се случило пред 25 години на 5 декември 1989 година. Само неколку недели по уривањето на Берлинскиот ѕид група демонстранти која претходно ја окупирала Штази (германската тајна разузнавачка служба) одлучила да упадне во просториите на КГБ.

Стражарот на вратата побегнал во куќата, но другиот агент (Владимир Путин) излегол пред разгневената толпа народ барајќи од нив да се повлечат.

– Вооружени сме и имаме дозвола да го употребиме оружјето, рекол агентот, а тоа ја натерало групата да се повлече. Агентот знаел дека опасноста не е помината, па побарал помош од тенковите на Црвената армија, но војниците му порачале дека без одобрение од Москва не можат ни чекор да направат, а Москва молчи. Таквиот одговор силно го разочарало Путин и засекогаш го променило неговиот живот. Реченицата „Москва молчи“ со години го прогонувала, а подоцна застанал на чело на Русија и одлучил да ги промени тие работи.

– Да не се случела таа ноќ во Дрезден, ние би гледале потполно друг Путин, вели неговиот биограф Борис Рајчустер.

Путин тогаш сфатил дека народот може лесно да ја порази политичката елита и дека демократијата е посилна од комунистичката идеологија.  По враќањето во Русија која тонела, решил од неа да направи сила која никогаш повеќе нема да молчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top