| четврток, 6 декември 2018 |

Излета воз кој сообраќал од Солун за Скопје

vozТоварниот воз кој сообраќа на релација Солун – Скопје попладнето излетал од шините во близина на Солун. Полесно биле повредени двајцата машиновозачи, а причиниита за излетувањето најверојатно се пропаднати шини поради обилниот дожд.

Среќа во несреќа е тоа што возот бил товарен, бидејќи вагоните паднале еден врз друг и целосно се уништени. Возот пренесувал електронска опрема која од Солун требало да стигне за Скопје, а поради излетувањето, како што соопштуваат од грчката железница во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Солун и Скопје.

Кусо по тргнувањето во 8.15 часот утрово на 30 километри од Солун кај местото Гефира (односно мост) според грчката телевизија МЕГА, откако поминала локомотивата и 5-те први вагони, останатите почнале да излетуваат од шината и половина километар да се превртуваат и да паѓаат еден врз друг.

Уништени се 29 од 34-те товарни вагони. Двајцата машниовозачи пак, имале полесни повреди и заедно со останатите членови на екипажот на возот превентивно биле пренесени во болница.

Обилните врнежи во изминатите 3 дена, резултираа шините во областа каде што се случи железничката несреќа, да пропаднат во длабочина од 800 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top