| четврток, 6 декември 2018 |

Две Чехинки по две години ослободени од Ал Каеда

ал каеда

Двете Чехинки, Антоние Храстецка и Хана Химпалова кои пред две години беа киднапирани во југозападната пакистанска провинција Балочистан, според турски медиуми се ослободени.

Засега нема официјални информации од чешкото Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Прага.

За девојките, за кои се претпоставува дека биле киднапирани од вооружени приврзаници на Ал Каеда пред една година, чешкиот претседател Милош Земан изјави дека преговара за нивно ослободување.

Тие беа киднапирани во март 2013 година, кога патувале преку Пакистан од Иран до Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top