| четврток, 6 декември 2018 |

САД го ликвидирале лидерот на Ал Каеда

сад

Пентагон соопшти дека при воздушен напад минатата недела бил ликвидиран лидерот на Ал Каеда, кој е одговорен за смртта на двајца американски војници и обвинет за учество во смртоносен напад во 2009 година.

Во соопштението се наведува дека воздушниот напад бил извршен на 19 март во провинцијата Пактика. Убиениот е Кери Јасин, познат терористички лидер на Ал Каеда.

– Смртта на Кери Јасин е доказ дека терористите кои го срамат исламот и намерно напаѓаат невини луѓе, нема да избегаат од правдата, истакна американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top