| четврток, 6 декември 2018 |

СБ на ОН усвои резолуција за Либија

он

Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа едногласно усвои резолуција со која се интензивира борбата против исламистичките екстремисти во Либија, но без укинување на ембарготот за оружје.

Либија, со поддршка од Египет побара укинување на ембаргото за оружје, со цел Владта да може да состави своја војска и да и се спротистави на Исламска држава.

Но, со резолуциајта што ја предложи Јемен, останува во сила четиригодишното ембарго за оружје, но остава моижност за исклучоци „од случај до случај“.

Во резолуцијата се потенцира и загриженоста на СБ на ОН од се поголемото присуство на ИД во Либија и се предвидени санкции против поединци и групи кои ги поддржуваат екстремистите, по пат на финансирање, регрутирање или преку интернет и медиумите.

СБ гласаше и за продолжување на мандатот на политичката мисија на ОН во Либија до септември, со цел да им се помогне на завојуваните страни да постигнат договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top