Адријан Кознику ја заврши мисијата во Шкендија без значителен успех и резултати и од денеска не е повеќе тренер на клубот од Тетово. На негово место доаѓа Јетон Беќири, кој досега го предводеше Б тимот на Шкендија.
Последниот пораз на „црвено-црните“ во градското дерби со Тетекс по се изгледа ја прелеа чашата, а истече и трпението на раководството на Шкендија. Клубот вложи доста пари во атрактивни засилувања зимово, но нема соодветни резултати, па смената на кормилото е логичен исход.
„Разделбата дојде со договор меѓу двете страни. Раководството на Шкендија му благодари на Кознику за неговиот придонес и активност во нашиот клуб и му посакува успех во идната кариера“, соопштија од Шкендија.
Шкендија е на третата позиција во домашното првенство со 11 бода помалку од лидерот Вардар и 8 бода зад актуелниот првак Работнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.