| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: САД покажуваат двојни стандарди за ситуацијата во Јемен

Russian FM Lavrov attends a meeting with Kazakhstan's FM Idrisov in Astana

САД го поддржаа претседателот на Јемен кој побегна од главниот град на земјата, а таква поддршка не му пружија на поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, што ги покажува нивните двојни стандарди, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

„Мораме да користиме излитено клише: очигледни двојни стандарди, иако, се разбира, не го посакувавме ни она што се случува во Украина, ниту она што се случува во Јемен“, изјави Лавров на прес-конференцијата по посетата на Гватемала, пренесува РИА „Новости“.

„Во двата случаи треба да се работи на национално помирување“, изјави Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна дека до украинската криза немаше да дојде доколку на 22 февруари минатата година Европа и оние земји кои присуствуваа на потпишувањето на спогодбата меѓу украинската опозиција и Јанукович го употребеа своето влијание и бараа неодложно почитување на договорот што го прекрши опозицијата.

„Во Јемен Америка постапи сосем спротивно“, рече Лавров. Тој исто така апелираше итно да се обнови преговарачкиот процес во Јемен и истакна дека е многу опасно да се игра со судирите меѓу Сунитите и Шиитите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top