| четврток, 6 декември 2018 |

По 20 години затвор за убиството на Мевљана

дете2

Сопружниците Џемаил Браими и Јасмина Махмуд се осудени на по 20 години затвор за убиството на тригодишното девојче Мевљана кое беше претепано до смрт минатата година на 21 март.

Обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски, во завршните зборови побара да се казнат двајцата сопружници бидејќи, како што рече, заштитата на детето е највисоко на пиедесталот во секое современо општество и никој нема право независно дали за тоа постои причина да посегнува по животот на детето.
Пред неколку дена измина точно една година од смртта на малечката Мевљана. Според обвинението, двајцата сопружници ја чувале Мевљана и нејзиното братче додека мајка им била на работа.
Невенчаните сопружници ја претепале малата Мевљана оти се измокрила на тепихот. Вештачењето покажало дека девојчето било тепано со тупаници, клоци, притискање со нога, а на вратот имало и знаци на давање.
Нејзината мајка побара обвинетите да бидат во затвор додека се живи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top