Наместо денес, како што беше планирано, транспортот на телото на трагично починатиот штипјанец Сашко Коцев (33) ќе се случи на крајот на март.
Имено, по падот на германскиот авион на француските Алпи, постојат технички проблеми кај авиопревозниците кои се затекнати од настанот поради што е одложен транспортот на телото. Една од причините е што се бара нова авиокомпанија која ќе го транспоритра Коцев, пренесува „Старплус“ на ТВ „Стар“.
Семејството било известено дека на крајот на март ќе биде транспортиран Коцев и веќе на почетокот на април се очекува да пристигне во Македонија. Во меѓувреме, сè уште трае и акцијата за прибирање на средства која ја почна Општина Штип и затоа уште еднаш се апелира до сите правни и физички лица да донираат на телефонот 077 143 600, при што цената на донацијата е 100 денари од повик, односно 118 со ДДВ.
Сите што сакаат да донираат поголема сума, може средствата да ги уплатат на трансакциска сметка на таткото на починатиот, Томислав Коцев во НЛБ тутунска банка, сметка број 210501596059292 со назнака „донација за Сашко Коцев“, додава „Старплус“ на ТВ „Стар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.