Денеска е 21 март, Светски ден на поезијата. „Гроб на вишна рида“ од Петар Т. Бошковски е омилената македонска песна на „Република“. Нека ни е честит Денот на светската поезија!
(Петар Т. Бошковски, 1936-2006)
Гроб на вишна рида
Да ослепев да не видев толку лична жена:
в ноќна вода угреана жив булјар што блеска
Ме наведе игралито руба да ѝ плеснам,
место радост в срце клети сетив смртна треска.
Девет дена јас љубував не жена а стија,
девет ноќи јас слугував со нестивант ламтеж.
Дали душа не носеше, туку ладна змија
или љубов ја плашеше штом ме трати е пламтеж.
Мртов да ме искачите на највишна рида.
во гроб да ме оставите, гроб со девет врати
до прелеста што ме уби поблиску да бидам
Таму ветерот да ми носи шум на лесна руба
таму душа да вилнее, да колне, да пати:
господ да ги бие тие што сал малку љубат.
(Петар Т. Бошковски, 1936-2006)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.