Турскиот кошаркар Ерсан Илјасова забележи рекорд на кариерата со 34 поени и беше лидер на Милвоки бакс во победата од 111-107 против Индијана.
Илјасова пропушти дел од оваа сезона поради повреда, но се врати во вистинскиот момент за да му помогне на Милвоки во битката за место во плејофот. Бакс се шестопласирани во источната конференција на десетина меча до крајот на регуларниот дел, а Индијана е деветта и се бори грчевито за да се искачи една позиција погоре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.