Утрово времето во Македонија е облачно и претежно тивко со врнежи од дожд во централните и западните делови од земјата. Утринската температура е над нулата и се движи од 1 до 10 степени: 1 Маврово, 2 Лазарополе, 4 Крушево, 6 Берово, Пожаране, 7 Прилеп, Тетово, Кр. Паланка, 8 Виница, Дебар, Битола, Охрид, 9 Штип, Скопје, Струмица, Куманово, Скопје Пет., 10 Гевгелија, Кавадарци, Д. Капија.
Во текот на денот времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.
Во Скопје ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
И во сабота, особено претпладне ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд. Од пладне врнежите ќе престануваат. Вкупните количества на воден талог во западните и југоисточните делови од земјата ќе надминуваат и 30 л/м2. Во недела времето ќе биде променливо облачно. До понеделник утринските температури ќе опаѓаат, а дневните ќе бидат се повисоки, па во средината на работната недела на југоистокот на земјата температурата ќе достигнува и до 20 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.